Балканот врие: Луда тепачка со столчиња во Црна Гора, тотален хаос пред сараевското дерби (Видео)

Големи навивачки нереди се случија попладнево во Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Во местото Тузи, навивачите на домашниот Дечиќ и гостинскиот Будуќност беа сместени на иста трибина, па после еден досуден пенал, настана хаос и голема тепачка со столчиња. Потоа инцидентите се префрлија и околу стадионот, а мечот при водство на Будуќност од 1-0 е прекинат и нема да се доигра денеска.

https://twitter.com/i/status/1500110490906902534

Градско дерби треба да се игра на „Грбавица“ во Сараево, каде Железничар и Сараево ќе ги одмерат силите, а на 50 минути пред почетокот, навивачите си ги одмерија силите. Фановите на Сараево отидоа до противничката трибина и сакаа да им украдат транспарент на ривалите, по што тие одговорија. Еден навивач на тимот чиј тренер е Александар Васоски, а капитен Крсте Велкоски, го извлече најдебелиот крај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести