39.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Балотели ја направи најголемата глупост, а Манчини веднаш го извади од игра (Видео)

Марио Балотели е фудбалер од кого се очекуваше да биде меѓу најдобрите во светски рамки. Сепак, тоа не се случи, па Балотели, кој играше за европски гиганти како Интер, Манчестер сити, Милан и Ливерпул, на крајот заврши да игра во екипи како што се Ница, Бреша, Монца, Адана, Сион, а последен пат го носеше дресот на Џенова.

Во кариерата на Балотели има многу моменти кои ќе се паметат, а еден таков се случи точно пред 14 години. Додека го носеше дресот на Манчестер сити, на 24 јули 2011 година, Граѓаните играа пријателски меч против Лос Анџелес Галакси.

Сити имаше водство од 1:0 кога Балотели се најде само пред противничкиот голман. Наместо на едноставен начин да постигне гол или евентуално да му асистира на Един Џеко, кој беше во негова непосредна близина, Балотели реши да направи „циркуски потег“. Се обиде со петица да постигне гол, но наместо тоа, топката заврши во гол-аут.

Џеко, кој беше до Балотели, во неверување само ги ширеше рацете не знаејќи како да реагира на овој потег на неговиот соиграч. Веднаш реагираше и тогашниот тренер на Манчестер сити, Роберто Манчини, и го извади Балотели од игра.

- Оглас -

Најнови вести