Балотели одговори на навредите: Срамете се, вие не сте навивачи на Лацио

Мари Балотели со порака на Инстаграм им одговори на навивачите на Лацио, кои го навредуваа на „Марио Ригамонти“ во нов инцидент во кој повторно мета на расистички извици и скандирање беше црномурестиот напаѓач.

„Срамете се, вие не сте навивачи на Лацио“, напиша Балотели на својот профил, поставувајќи и видео од голот што го постигна против Лацио.

https://www.instagram.com/p/B68RwYgqjxf/?utm_source=ig_web_copy_link

Ова не е првпат во Серија А, Супер Марио да биде на мета на навивачите, што е актуелен и голем проблем во познатото италијанско Калчо.

Голот на Балотели не беше доволен за изненадување, а го спречи извонредниот шпиц на Лацио Чиро Имобиле со два гола за победа на Лацио од 2:1. 

- Оглас -

Најнови вести