Ако бараш ВАР, автоматски добиваш жолт картон

Добивање на жолт картон ќе биде санкцијата за секој фудбалер кој на натпревар од Лигата на шампионите ќе побара употреба на ВАР технологија за некоја спорна ситуација. Од Европската фудбалска федерација, УЕФА, појаснија дека судиите добиле инструкции дека секој играч кој ќе протестира и бара ВАР, ќе добие јавна опомена во вид на жолт картон. Забранет е и притисок врз главниот арбитер побрзо да ја гледа спорната ситуација на ТВ екран, пред да донесе конечна одлука.

„Системот видеоарбитража не е перфектен, бидејќи и тој е направен од луѓе“ – вели шефот на судиите во УЕФА, Роберто Розети.

ВАР се користи во повеќето од Топ 5 првенствата во Европа, а сега за првпат ќе влезе во употреба и во Лигата на шампионите, почнувајќи од осминафиналето, па натаму. Технологијата им помагаше на судиите и за време на Мундијалот во Русија минатата година. ВАР ќе има и во финалињата на Лига Европа и Лигата на нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести