Енис Барди, како и сите останати наши репрезентативци одигра херојски против фаворизираната Италија.
Нашиот репрезентативец „диригираше“ во средината на теренот, а даде интересна изјава за шпанските медиуми.
„Ако ја победиме и Португалија, нема потреба да одиме во Катар. Нека ни го дадат трофејот и ќе славиме во Македонија“ кажа низ шега нашиот репрезентативец и продолжи.
“Немавме среќа во ждребот но, ние сме многу горди со овој тим и за вербата која што ја имаме меѓу себе. Против Португалија ќе биде многу тешко, но никогаш не се знае во фудбалот, имаме 90 минути пред нас“ изјави нашиот репрезентативец.