Енис Барди со гол во финишот против Жирона го трасира патот на Леванте кон нова сезона во шпанската Ла Лига, а радоста на сите приврзаници на клубот од Валенсија беше огромна.
Имаше и солзи радосници, а особено се истакна коментаторот, кој немаше глас од возбуда, па дури и се расплака по погодокот на Енис за победа од 2:1 против Жирона, што ќе значи нова дружба со шпанската елита, со Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Валенсија, Севилја и останатите клубови од една од најсилните лиги на светот.
Слушнете како коментаторот го доживеа и го проследи погодокот на Барди во 86-тата минута. Погодокот на Барди може да го видите ТУКА.
https://twitter.com/LevanteUD/status/1127661769885925377