Барди со гол го спаси Леванте од испаѓање (Видео)

Во мечот кој беше да се биде или не, Леванте победи на гостувањето кај Жирона со 2:1 и на тој начин и дефинитивно си обезбеди опстанок во Примера дивисион. Со оваа победа, Леванте стигна до 43 бодови, а Жирона остана на 37 бодови во зоната за испаѓање.

Жирона прва дојде до водство со голот на Стуани во 60 минута, но само две минути подоцна Моралес погоди за 1:1. Голот за победа на Леванте, што значеше и опстанок на Леванте во елитата, а испаѓање на Жирона, го даде македонскиот репрезентативец Енис Барди во 86 минута.

Со овој погодок Барди само потврди дека е вистинска амајлија на Леванте. Во двете сезони во дресот на шпанскиот тим, секогаш кога Барди ќе даде гол, Леванте не губи во Примера. Оваа статистика ја најавивме уште неколку дена пред денешниот меч, а Барди само потврди дека тој е среќниот играч на Леванте.

Во исто време се играа сите 10 меча во 37. коло во Примера, а ова се резултатите: Атлетик Б. – Селта виго 3:1, Атлетико Мадрид – Севилја 1:1, Барселона – Хетафе 2:0, Бетис – Уеска 2:1, Жирона – Леванте 1:2, Рајо Вајекано – Валјадолид 1:2, Сосиедад – Реал Мадрид 3:1, Валенсија – Алавес 3:1, Вилјареал – Еибар 1:0.

  • Голот на Барди е на една минута од видеото.

https://youtu.be/cCafHkWBuUo

- Оглас -

Најнови вести