Барди ќе го спасува Леванте од петти пораз во низа против Севилја

Леванте – Севилја (19:30ч)

Севилја ја имаше честа со триумф над Бетис во градското дерби да го назначи рестартирањето на сезоната во Ла Лига. За разлика од екипата на Хулен Лопетеги, Леванте не славеше во соседската пресметка против Валенсија, но Барди и дружината се задоволија и со бод.

Сега тимот на македонскиот репрезентативец ќе бара победа против третопласираната екипа во Ла Лига, а воедно и да се стави крај на низата од четири порази во претходните дуели. Барди во четири средби против Андалузијците нема запишано гол. Доколку и вечерва биде во стартниот состав, тоа може да се смени.

Предлог тип: ГГ3+ (2.10)

 

Бетис – Гранада (22ч)

Гранада ја доби пресметката со Хетафе во провото коло по продолжувањето на сезоната иако тимот е во големи проблеми поради бројни повреди. Во тој случај, улогата на фаворит не важеше за Хетафе, а сега Гранада е во поход да му наштети и на Бетис, андалузискиот состав кој со пораз продолжи во шампионатот.

Дуелите на овие две екипи речиси секогаш носат возбуда и неизвесност, од минатите средби може да се земе предвид дека Гранада воопшто не се срами да покаже што знае на „Бенито Вилјамарин“. Бетис трпеше разочарувања против Гранада во последните три меѓусебни меча, последната победа против овој тим ја оствари во 2016 година.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.70)

 

Маритимо – Жил Висенте (20ч)

Маритимо и Жил Висенте дури во третото коло по рестартирањето на сезоната во португалската Примеира, односно тековното 27-мо коло, ќе се борат за првиот посткорона триумф. Домаќините од два меча освоија само бод, Жил Висенте се разочара во двата наврати, па затоа може да се претпостави дека вечерва ќе нема поделба на бодови.

Маритимо воедно се бори за опстанок, но петте бода предност во однос на претпоследнопласираната екипа Портимоненсе засега гарантираат задржување на прволигашкиот статус. Треба да се земе предвид дека Жил Висенте славеше победа од 2-1 на последното гостување на стадионот „Бареирос“.

Предлог тип: 2-3 гола (1.98)

 

Сиваспор – Денизлиспор (20ч)

Галатасарај вчера си наштети на шансите да ја одбрани титулата, а сега може да остане и без третото место на табелата доколку Сиваспор вечерва триумфира. Домаќините немаат пораз од Денизлиспор во првенствени рамки од 2007 година, а во тој учинок се сметаат и дуелите од втората турска лига.

Сиваспор во трите последователни победи постигна вкупно седум гола против Денизли, така што за вечерва домаќините ќе имаат задача со триумф да го најават својот рестарт на сезоната.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.05)

 

Арминија Билефелд – Динамо Дрезден (20:30ч)

Лидерот во Цвајта не може да биде задоволен од учинокот по рестартирањето на сезоната. Билефелд има само еден триумф во пет меча и четири ремија откако продолжи сезоната, па дуелот со последнопласираниот Динамо може да се искористи за да се поправи статистиката.

На три кола до крајот на првенството, Билефелд полека може да се радува на пласман во елитата, а токму со овој заостанат меч од 28-мото коло би требало да го потврдат своето место во Бундеслигата за следната сезона.

Треба да се земе предвид дека Билефелд има четири победи и пораз во последните пет меѓусебни средби против екипата која речиси сигурно ќе претрпи елиминација во третото по ранг фудбалско натпреварување во Германија. Затоа може да се типува убедлива победа на домаќините.

Предлог тип: 1-1 (2.30)

- Оглас -

Најнови вести