Искрени честитки и топли прегратки од Енис Барди, членот на македонската фудбалска репрезентација, кој поради повреда не играше вчера во Тбилиси. И без него овој сон наречен Европско првенство не ќе беше возможен, па и Барди има голема заслуга за историскиот успех.
Барди ги пречека соиграчите, репрезентативните колеги кои вчера ја израдуваа цела нација.