Барди нема да игра до крајот на јануари, неизвесен за пресметката со Барса

Екипата на Леванте се подготвува за утрешниот тежок дуел со Севилја од Купот на Шпанија, а во тимот од Валенсија ќе го нема македонскиот играч за врска Енис Барди.

Барди во неделата на тренинг се здобил со повреда на мускул на бутот на десната нога, па ќе мора да паузира околу 12 дена. Ова значи дека Барди нема да се појави на мечот со Севилја утре, ниту на гостувањето кај Осасуна на 24 јануари. Во зависност од брзината на рехабилитацијата, ќе се знае дали нашиот репрезентативец на 2 февруари ќе може да игра на гостувањето кај Барселона. До дуелот на „Камп ноу“ има точно 12 дена.

Поверојатно е Барди да ја прескокне и Барса, а да биде во составот за домашниот меч со Леганес на 8 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести