Барди одмори, но тука е Ел Команданте да го спасува Леванте (Видео)

Леванте не се предава во битката за опстанок во Ла Лига и со многу важна победа од 2:0 против фаворизираниот Вилјареал ги задржа шансите за продолжување на прволигашкиот живот.

Енис Барди одмори и не беше во комбинација, но затоа тука е легендарниот Ел Команданте за да го спасува Леванте.

Капитенот на домаќините Хозе Луис Моралес со два прецизни плотуни во 69. минута и во последните моментни од мечот ја потопи Жолтата подморница и сега на 8 кола до крајот на шпанското првенство Леванте има 22 бода, само пет помалку од екипите што се во сигурната зона.

Вториот гол на Моралес беше перфектен, а капитенот успеа да го издрибла и голманот на Вилјареал, Рули и на празна мрежа лесно погоди.

Голот за конечни 2:0 можете да го погледнете ОВДЕ.

И традицијата е против тимот од Валенсија, а вели дека ниту еден тим што имал 19, или помалку бодови по 29 кола не успеал да обезбеди опстанок, но Барди и соиграчите се надеваат дека оваа победа во 30. коло може да им донесе спас.

 

- Оглас -

Најнови вести