Неколку минути откако играчите на Манчестер сити и Барнли клекнаа на колена во знак на протест против расизмот и на дресовите носат порака „Животите на црните се важни“, над стадионот „Етихад“ леташе мал авион кој носеше порака „Животите на белците се важни Барнли“, што се сфаќа како расизам.
Авионот три-четири минути кружеше над стадионот, а од Барнли, кој во моментов губи со 5-0, стигнаа и да испратат соопштение до јавноста во кое се извинуваат.
Од Барнли го осудија чинот и велат дека банерот нема врска со нив. Клубот ѝ се извини на Премиер лигата, на Манчестер сити и на сите кои го промовираат Black Lives Matter.