Барнли го отпушти тренерот со актуелно најдолг престој во еден клуб во Премиер лигата

Крај на една ера, Барнли официјално се раздели со својот тренер Шон Дајш.

Ова беше тешка одлука за клубот бидејќи по поразот од Норвич, мораа да му дадат отказ на 50-годишниот стручњак, кој 9 години и 166 дена го водеше тимот, ниту еден друг актуелен тренер во Премиер лигата нема толку долг престој.

На Барнли му се заканува испаѓање од Премиер лигата, па клубот донесе одлука да го смени Дајш, кој на клупата беше на 425 меча од октомври 2012 наваму.

Под водство на Дајш, Барнли двапати влегуваше од Чемпионшип во Премиер лигата, а еднаш ги однесе и во Европа, што беше прв таков случај во клубот по 51 година.

На следниот меч против Вест хем, екипата ќе ја води Мајк Џексон, кој е тренер на младинскиот тим на Барнли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести