Барса без проблем против третолигашот, Левандовски со гол и во четврто различно натпреварување сезонава (Видео)

Барселона со убедливи 5-0 ја елиминираше третолигашката екипа Сеута од Купот на Шпанија. Стрелци за Каталонците беа Рафиња, Левандовски (два), Ансу Фати и Кеси, кој имаше и две асистенции.

Левандовски сега има голови за Барса во четири различни натпреварувања, а неговиот погодок за 2-0 беше 1.500-ти за Барселона во Копа дел Реј.

- Оглас -

Најнови вести