Барса и Атлетико се договорија околу Гриезман, но дали го измамија Реал Сосиедад?

Атлетико Мадрид ќе добие уште 15 милиони евра за Антоан Гриезман, а Барселона, која за Французинот плати вкупно 135 милиони евра, се договори со Јорганџиите да има предност ако клубот реши да продаде петмина играчи, меѓу кои Саул и Хименес.

Но, ова е приватен договор на двете страни. Целта е Атлетико да престане со тужбите и да не ги објавива доказите дека Барса и Гриезман преговарале уште пролетоска, но најверојатно договорот требаше да биде таен, без никој да дознае за доплатата. Сега со право може да се буни Реал Сосиедад, клубот кој имаше право на 20 проценти од трансферот. Баскискиот клуб доби 24 милиони, што е една петтина од 120-те, но ако Барса платила уште 15, треба Сосиедад да земе уште три милиони.

- Оглас -

Најнови вести