Барса и Баерн под притисок, ако некој загуби, паѓа на 25-то место или подолу

Новиот систем во Лигата на шампионите донесе ситуација Барселона и Баерн Минхен во моментов да се на 20-то односно 19-то место на табелата, нешто што речиси никогаш не им се случува на овие гиганти во нивните лиги во Шпанија и Германија.

Се разбира, уште е рано, ќе се играат осум кола во кои тимовите ќе се сретнат со осум различни противници, но не е пријатно за нивните фанови да се гледа Барса или Баерн под 25-то место, а 24 продолжуваат во плејофот од кои првите 8 директно одат понатаму, а наредните 16 одат во разигрување за осумте слободни места во осминафиналето. За екипите од 25-то до 36-то место, завршуваат натпреварите во Европа.

Баерн по историските 9-2 против Динамо Загреб, беше прв на табелата после првото коло, но следуваше пораз 0-1 од Астон Вила. Баварците ако победат вечерва, може да скокнат на 6-то место, но ако загубат, може да бидат дури 25-ти.

Целта и на Барса и на Баерн е да влезат во топ 8 и да влезат директно во осминафиналето, но ова е нов формат на ЛШ, никој не знае дали ќе биде можно тоа со два порази. Затоа, ни едните ни другите сакаат по секоја цена да избегнат нов пораз откако загубија веќе по еднаш.

- Оглас -

Најнови вести