9058 Кјелце – Алборг (18.45 часот)
Ова е меч од групата во ракометната ЛШ во која е и Еурофарм Пелистер. Полскиот тим во минатата сезона загуби во драматичното финале против Магдебург и сега почнува нов обид за искачување на европскиот трон. Прв противник му е данскиот Алборг, тим кој во минатата сезона двапати го победи со резултати 33-28 и 30-28. Алборг е опасен тим со по неколку дански, норвешки и шведски репрезентативци, но Кјелце е домаќин и типуваме на нивна победа.
Предлог тип: 1 (1.90)
3611 Динамо Тирана – Кукси (19.00 часот)
Динамо и Кукси се тимови кои сезонава во албанската лига тргнаа со порази, па немаат бод по две одиграни кола. Особено лош беше Кукси, кој прими седум гола во двата меча. Тимот од Тирана е повратник во елитното друштво, затоа и последните меѓусебни дуели со Кукси ги имаа во пролетта 2022 година, кога тимот од Кукс победуваше со 2-0 и 2-1. Интересно е дека Динамо дома никогаш не дал гол против Кукси.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.87)
1560 Бала таун – ТНС (20.45 часот)
Тука станува збор за своевидно дерби во велшката лига, со оглед на тоа дека двата тима не знаат за пораз по пет кола. ТНС е прв на табелата, Бала таун е четврти, само со два бода помалку од лидерот. Голема разлика е што на мечевите на Бала таун нема многу голови (имаат гол-разлика 5-2), а дуелите на Новите Светци се многу поефикасни (гол-разликата им е 16-4). Гостите се фаворити, Бала пред неколку дена испадна од купот.
Предлог тип: 2 & 2-5 (1.74)
9060 Монпелје – Барселона (20.45 часот)
Ракометарите на Барса ретко губат мечеви во групна фаза во ЛШ, а имаат добри спомени и од историјатот на меѓусебните дуели со тимот од Франција, кому му гостуваат вечерва. Каталонците киксираа викендов во шпанската лига, одиграа само нерешено со Бидасоа Ирун. Последната победа на Монпелје над Барса е во март 2018, кога член на шпанскиот гигант беше и Борко Ристовски. Последните пет соочувања ги добиваше Барса, и тоа најчесто со убедлива разлика.
Предлог тип: 2 & <62.50 (2.81)
4232 Гимназија Ла Плата – Велес (23.00 часот)
Гимназијалците се во лоша форма, ги загубија сите три меча на стартот на мечевите од Купот на професионалната лига во Аргентина, па последни се во својата група А. Велес Сарсфилд е во горниот дел на табелата бидејќи доби два, а загуби еден меч, во минатото коло го совлада големиот Ривер плејт. Квотите за конечен тип најавуваат неизвесен меч затоа што Велес е тим кој ретко победува на гостински терен. Три од последните четири нивни меѓусебни дуели во Ла Плата завршуваа нерешено.
Предлог тип: 1-3I & 1-3 II (2.35)