Барса и Реал имаат исти желби и маки, немаат пари за двете топ-засилувања

Реал Мадрид е во финансиска криза и нема пари за големи дела, па Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд ќе останат неостварени желби на Кралскиот клуб, објави „Марка“.

Во опширна анализа реномираниот шпански медиум ги анализира состојбите кај најтрофејниот шпански и европски клуб, а објави и дека финансиската состојба на клубот не е розова.

Причина за финанскиот пад на моќната империја е пандемијата со Ковид-19, која трае предолго и веќе стана и сериозна закана за солвентноста на клубовите, меѓу нив и најмоќните во кои спаѓа шпанскиот гигант.

Реал има проблеми и со капитенот Серхио Рамос, кој може и да замине од Мадрид, Одергард најави дека сака да игра повеќе, па можно е и тој да си оди, а веќе си замина и Лука Јовиќ.

„Алаба може да дојде бесплатно, но пари за Мбапе, Халанд, или Камавинга кралскиот клуб нема. Единствен начин е да се продадат неколку играчи, но и тогаш е знак парашње дали ќе има средства за Мбапе, кој е меѓу најскапите играчи на светот“, пишува Марка.

Ангажман на Мбапе и на Халанд е на врвот на трансфер желбите и на Барселона, но еден од кандидатите за нов претседател на клубот, Виктор Фонт неодамна изјави дека нема паричен фонд за нивниот ангажман и дека приоритет и успех ќе биде ако клубот го задржи Лионел Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести