Фонт знае дека Барса нема доволен фонд: Заборавете на Мбапе, Халанд…, немаме пари

Виктор Фонт не сака да се промовира со лажни ветувања во трката за нов претседател на Барселона и вели дека реалноста воопшто не е розова за гигантот.

„Заборавете на засилувања од калибарот на скапите Мбапе, Халанд… Барселона нема пари за такви потфати и трансфери. Финансиската ситуација е тешка, дури личи и на безизлезна. За нас ќе биде успех ако остане Меси. Сè уште не сум разговарал со него, но тоа го стори Чави и верувам дека ќе го убеди дека токму Лео е најдобриот проект за Барселона“, изјави Фонт.

Главен фаворит на изборите за нов претседател е поранешниот прв човек на Барселона, Жоан Лапорта. И тој не ветува премногу, а и кај него главен проект во програмата за консолидација на клубот е останувањето на Лионел Меси.

 

 

- Оглас -

Најнови вести