Барса и Реал ќе добијат милионска отштета од ФИФА, но повеќе би сакале здрави играчи отколку пари

Гави, Винисиус, Ерлинг Халанд, Едуардо Камавинга, Андре Онана, Ведат Муриќи, Микел Ојарзабал, Марк-Андре тер Штеген, Ворен Заир Емери, Гилермо Очоа, се само дел од фудбалерите кои се повредија за време на репрезентативните обврски во ноемвриските мечеви и се разви дебата дали треба да дојде до промена на термините наменети за националните тимови.

Најлошо мина Барселона, која до крајот на сезонава нема да може да смета на младиот Гави, кој ги скина предните вкрстени лигаменти и ќе треба да паузира 7-8 месеци. И нивниот ривал Реал Мадрид настрада сериозно, се повредија стартерите Винисиус и Камавинга, кои ќе паузираат по минимум два месеца.

ФИФА плаќа отштета од максимум 20.548 евра на ден, зависно од платата која ја зема фудбалерот, а парите почнува да ги префрла на 28-миот ден по повредата. Проценката е дека Барса за Гави ќе добие над 3,5 милиони евра (ако паузата биде над осум месеци, сумата ќе биде околу 4,4 милиони), а и Реал ќе добие повеќе од милион отштета за Камавинга и Винисиус.

Сепак, ова е слаба утеха, клубовите многу повеќе би сакале здрави играчи на терен отколку пари и ослабен состав.

- Оглас -

Најнови вести