Барса почна урагански, но за секој случај ќе се засилува и одбраната

Барселона стартуваше урагански во Ла Лига со четири гола за едно полувреме против Вилјареал и рутински победи со 4:0, но Роналд Куман не остава ништо на случајност и дополнително ќе ја засилува одбраната.

Меси, Фати, Гриезман… против Жолтата подморница покажаа дека можат да одиграат ефикасно и ефектно, дефанзивата беше одлична, а денеска се очекува на тимот да им се приклучи и Сержињо Дест.

Десниот бек на Копјаниците има само 19 години, а Барселона, која има долгогодишна соработка со Ајакс треба да плати 23 милиони евра за талентираниот играч.

Сумата ќе порасне со вклучување на стандардните бонуси, а Дест треба да потпише петгодишен договор и очекува и официјална промоција денеска или утре.

- Оглас -

Најнови вести