Барселона продолжува со „теророт“ во Ла Лига на почетокот на сезоната. Тимот на Ханси Флик стигна до шестиот триумф во исто толку натпревари откако славеше убедливо на гости против Виљареал со 1-5. Каталонскиот тим со 18 бода се наоѓа на врвот на табелата.
Роберт Левандовски постигна два гола, а не реализира и пенал за хет-трик. Бразилецот Рафиња исто така беше стрелец на два гола, а погоди и Пабло Торе.
Единствениот гол за Виљареал го постигна Ајозе Перез.