Барселона во наредните неколку натпревари нема да смета на првиот голман Жоан Гарсија, ниту на крилото Рафиња.
Гарсија кој синоќа против Овиедо направи кикс по кој прими гол од 40-тина метри, се повредил денеска на тренинг и ќе паузира околу три недели, што значи дека на средбите со Реал Сосиедад, ПСЖ и Севилја, на голот на Барса ќе мора да биде полскиот ветеран Војчех Шченсни.
Рафиња истотака нема да игра против Сосиедад, а мали се шансите да се појави в среда на дербито од ЛШ против Пари Сен Жермен.
За Барса нема само лоши вести. Добрите се дека Ламин Јамал и Алехандро Балде тренираа денеска со полн капацитет и спремни се за враќање на терен.