Барселона ја прегази Валенсија со 6-0 и се искачи на второто место на табелата во шпанската лига.
Средбата се одигра на стадионот „Јохан Кројф“ кој собира само 6.000 гледачи, а тие што присуствуваа, уживаа во изведбата на нивните миленици.
На пауза беше само 1-0. Во почетниот состав го немаше Рафиња кој беше казнет што задоцнил, но влезе и даде два гола за 13 минути. Фермин Лопес даде два убави гола, а Лилјаците ги докусури Левандовски кој истотака беше резерва и влезе во второто полувреме, желен да се наметне кај тренерот Флик. За првпат во 21-ви век две резерви дадоа по два гола кај Барса.
Инаку Валенсија има примено 20 голови од Барса на четири меча откако тренер на Каталонците е Ханси Флик, и тие се омилена жртва на Германецот. Во 2025 година, Барса на три меча им даде дури 18 голови на Лилјаците.
Столе Димитриевски остана на клупата за резерви. Барса има серија од 11 меча по ред без пораз од Валенсија.