Барса ќе го „цеди“ Меси, сè додека имаат теоретски шанси за титула

Барселона мора да ги добие сите натпревари до крајот на сезоната, доколку сака да остане со шанси за одбрана на титулата во шпанската лига, па затоа и присуството на главниот играч и капитен, Лионел Меси е задолжително на секоја средба. Меси кој има 33 години, заедно со голманогт Тер Штеген се единствените поединци кај Барса кои ги одиграа сите минути во осумте досегашни мечеви по продолжувањето на сезоната.

Без Меси, Барселона би била многу послаба, и затоа тренерот Кике Сетјен не ни помислува да го одмори својот лидер. Меси на претходните осум средби во рок од 25 дена, даде три гола, а уште позначајно, имаше и осум асистенции. Аргентинецот ги разигрува и колегите, тимот не зависи само од неговите голови, а и вечерва на гостувањето против Валјадолид, Меси ќе ги игра сите 90 минути, освен ако не се повреди. Најавите се дека Меси може да добие одмор само ако каталонците ги загубат шансите за титула.

Ако Барселона вечерва не го победи Валјадолид, Реал Мадрид со победа в понеделник кај Гранада, ќе слави титула. Ако Барса вечерва победи, трката по трофејот продолжува најмалку до четврток. Сезоната завршува следната недела, по што Меси и другарите ќе треба да се фокусираат на настапите во Лигата на шампионите во август.

- Оглас -

Најнови вести