Барса нуди 70 милиони евра плус Фирпо за Лаутаро Мартинес

Барселона подготви нова пакет-понуда за услугите на Лаутаро Мартинес, голгетерот на Интер. Наводно Каталонците би платиле до 70 милиони евра, а во понудата го вметнаа бекот Жуниор Фирпо, кого го проценуваат на 41 милион евра.

Понудата практично достигна сума од 111 милиони евра, колку што му беше клаузулата на Мартинес која истече минатата недела, па Интер не е обврзан и може да бара повеќе пари. Воедно, од таборот на Нероаѕурите не се убедени дека Фирпо е вреден 41 милион евра, па можно е да бараат уште еден играч во понудата за да се откажат од аргентинскиот репрезентативец.

Во меѓувреме, Барселона се обидува да собере средства за да го оствари ангажманот на Лаутаро, па го понудиле Кутињо на неколку клубови во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести