Нема време за Барса: Клаузулата на Лаутаро важи до полноќ

Барселона не успеа навремено да го ангажира Лаутаро Мартинес за сума колку што изнесува неговата откупна клаузула од 111 милиони евра. Таа истекува на полноќ, што значи дека Интер повеќе нема да биде обврзан да прифати фиксна сума и може да бара многу повеќе за да се откаже од услугите на одличниот аргентински голгетер.

Меѓутоа, целта на Нераѕурите е да го задржат Мартинес, а не да профитираат од него, па затоа младиот голгетер по сите изгледи ќе остане на „Џузепе Меаца“ и следната сезона. Управата наводно подготвува нов договор за напаѓачот со двојно поголема плата, Лаутаро би заработувал пет милиони евра годишно доколку прифати да ја обнови соработката.

Ова уште еднаш потврдува дека управата на Барселона не функционира како што треба и не ги подмири сметките за да може да троши средства, и покрај тоа што клубот е погоден од финансиската криза предизвикана од пандемијата со корона-вирусот.

Лаутаро досега запиша вкупно 37 настапи, во кои реализира 17 погодоци, но во претходното коло против Болоња се разочара откако утна пенал при водство на Интер од 1-0, а потоа Нераѕурите останаа без трите бода и загубија со 1-2.

- Оглас -

Најнови вести