Барселона се намачи, но дојде до победа против Реал Сосиедад од 2-1, по која се искачи на првото место на табелата во Ла Лига со 19 освоени бода.
Одриозола го доведе Реал Сосиедад во водство со голот во 31-та минута, а пред полувремето израмни Жул Кунде со удар со глава по корнерот од левата страна.
Во вториот дел, Ханси Флик го уфрли во игра и Ламин Јамал, а тој во 59-тата минута му асистираше на Роберт Левандовски за победничкиот погодок.