Барса се „заљуби“ во Јовиќ, тој го одбра Реал Мадрид

Барселона долго ги следеше настапите на Лука Јовиќ, Каталонците беа мошне заинтересирани да го ангажираат вториот стрелец во Бундеслигата, но српскиот талент одлучи во иднина да игра за Реал Мадрид.

Италијанскиот медиум „Калчомеркато“ објави дека трансферот е при крај и дека веќе нема дилеми, а Реал ќе му плати на Ајнтрахт отштета од 60 милиони евра, со можност сумата да биде десеттина милиони евра повисока, ако се активираат бонусите.

Ајнтрахт направи вистински потез, откако пред некој ден си го искористи правото да го откупи договорот на Јовиќ со Бенфика за сума од 7 милиони евра. Јовиќ играше како позајмен фудбалер од Бенфика во Ајнтрахт и блеска сезонава.

Тој е втор стрелец во Бундеслигата со 17 голови, а е на второто место и на листата со најдобри стрелци во Европа Лигата.

Јовиќ има само 21 година и е еден од најдобрите и најбарани млади играчи во Европа, па Реал Мадрид според фудбалските експерти прави одлична работа со ангажманот на српскиот напаѓач.

 

- Оглас -

Најнови вести