Барса си даде ефектен автогол, а потоа доживеа нешто што 10 години Каталонците не дозволиле (Видео)

Екипата на Валјадолид води со 2:0 на полувреме против новиот шпански првак Барселона, во меч од 36 коло во Примера дивисион. Валјадолид кој грчевито се бори за опстанок започна со напади од првата минута и тоа им се исплатеше откако во петата минута домаќините поведоа со 1:0.

Бекот на Барселона, Андреас Кристенсен несмасно реагираше по еден центаршут и си даде ефектен автогол кој може да го видите ТУКА.

Во продолжение на дуелот Валјадолид продолжи со офанзива, па во 22 минута беше досуден пенал за домаќините кој го реализираше Ларин. Статистиката покажа дека Барселона за прв пат по речиси 10 години прима два гола во првите 22 минути во домашното пренство. Последен пат каталонскиот гигант имаше примено два гола во почетните 22 минути во декември 2013 година од Хетафе (голови прими во 10 и 14 минута).

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести