Ла Лига го објави распоредот на натпреварите за 28-мото и 29-тото коло, со кои шпанското фудбалско првенство и официјално ќе го назначи рестартирањето на сезоната. Ривалите кои сезонава водат тесна битка за шампионската титула добија лесни задачи при враќањето во акција, а првенството ќе продолжи со градското дерби меѓу Севилја и Реал Бетис на 11 јуни.
Барселона на 13 јуни во сабота (22 часот) ќе гостува кај Мајорка на Александар Трајковски, додека ден подоцна Реал Мадрид ќе го пречека тимот на Ејбар (19:30 часот). Атлетико Мадрид во недела, на 14 јуни гостува во Билбао, каде што ќе игра против Атлетик. Тој меч е закажан за 13 часот, што е нов термин во однос на стариот распоред кога мечевите во недела се играа во 12 часот.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди уште на рестартирањето го очекува градско дерби против Валенсија, во кое Леванте ќе им биде гостин на Лилјаците, а дуелот е закажан за 12 јуни во 22 часот.
Што се однесува за 29-тото коло, Кралевите ги очекува тежок тест против Валенсија на домашен терен на 18 јуни, додека два дена порано, на 16 јуни, Барселона ќе налета на уште еден полесен противник во Леганес.
Според првичниот план, сезоната 2019/20 во Ла Лига треба да заврши на 19 јули.
Пред прекинот на сезоната, кој се случи во средината на март, Барселона по 27 кола, стоеше на врвот на табелата со 58 бода, два повеќе од Реал Мадрид.
🚨 LALIGA IS BACK, BABY!
First two #LaLiga matchday schedules: pic.twitter.com/f8qk26sGe0
— Semra Hunter (@SemraHunter) May 31, 2020