Барса убедливо до финале, Раул и Криштопанс немаа шанса

Барселона е првиот финалист во ракометната Лига на шампиони откако со 37-32 го победи Пари Сен Жермен, па во утрешното финале во Келн за европската титула ќе се бори со Кил или Веспрем.

Ѕвездениот тим на ПСЖ предводен од тренерот Раул Гонзалес од џинот Даинис Криштопанс, кои се поранешни членови на Вардар, не можеше да излезе на крај со Лука Циндриќ и другарите. Каталонците дадоа многу голови, имаа шестмина играчи кои постигнаа четири или повеќе голови, а предводник беше Дика Мем со 8 погодоци од 9 шута.

Кај ПСЖ, се истакнаа Дилан Наи со 9 и Микел Хансен со 7 гола.

- Оглас -

Најнови вести