18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Барса во Ливерпул си најде резервен напаѓач

Дивок Ориги би можелo да го облече дресот на Барселона доколку овој Белгиец, кој со два гола ги потопи Kаталонците, се соглалси да си замине од Ливерпул и да се пресели на „Камп ноу“. Ориги во Барса би бил резервен напаѓач, улогата која пролетва ја имаше Кевин Принс Боатенг кој дојде како позајмен од Сасуоло.

Луис Суарес останува прва опција во нападот, се шпекулира за доведување на Антоан Гриезман, но ако дојде Французинот, веројатно би играл како крило.

Ориги има 24, тој е е класичен шпиц, сезонава играше само на 20 меча, погоди шест пати, но се прослави со двата гола на дуелот со Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите. Ако не беа повредите на Салах и Фирмино, тој ќе беше на клупата и немаше да има прилика да покаже што знае.

 

- Оглас -

Најнови вести