3143 Риека – Хрватски Драговољац (ХНЛ, Хрватска, 15 часот)
Риека се подготвува за најважниот меч на сезоната, куп финалето со Хајдук на 26. мај, па мечот со испаднатиот Хрватски Драговољац на Дарко Велковски и соиграчите може да им послужи како одлично загревање.
Риечани се разочарани од финишот на сезоната во Првата хрватска лига и со неколку кикса ја загубија шансата да се борат за титулата, па на крајот сигурно ќе бидат четврти, без разлика на исходот на денешниот последен меч и за нив и за гостите во ХНЛ, оваа сезона.
Риека откако ги загуби шансите за титулата игра ултра-ефикасно, и дава и прима доста голови, Хрватски Драговољац нема што да брани, убедливо е последен и може да се очекуваат доста голови.
Предлог тип: 4+ (1.98)
8005 Барселона – Олимпијакос (Евролига Ф4, меч за трето место, 16 часот)
Во Барселона се разочарани по поразот од Реал Мадрид во полуфиналето кога прокоцкаа предност од 13 поени и загубија во драматичен финиш од вечниот ривал.
Тоа значи дека ќе мораат да играат за трето место во меч што има ревијален карактер и не значи многу.
Бронзен медал на Ф4 турнир во клупските натпреварувања е сосема различна работа од натпреварите на репрезентациите и речиси никој и не памети кој во која сезона играл за третото место.
Целта не ја исполни и Олимпијакос, а Грците загубија на трагичен начин од актуелниот првак Ефес, со тројка на Василие Мициќ во последната секунда.
Олимпијакос пак ќе ја има поддршката од својата армија на навивачи кои допатуваа во Белград во голем број, а кошаркарите ќе сакаат да им се оддолжат со победа против Барселона, која има подобра екипа.
Мечот е ревијален и типуваме дека ќе има многу поени и ќе оди над границата од 160.5 поени.
Предлог тип: >160.5 поени (1.94)
8384 Реал Мадрид – Анадолу Ефес (Евролига Ф4, меч за титула, 19 часот)
Финалистите на фајналфор турнирот во Белград ќе имаат дополнителна мотивација и енергија по чудесните полуфинални победи против Барселона, односно Олимпијакос.
И двата меча беа драматични, а и Реал и Ефес имаа и многу среќа за пласман во финалето.
Реал е најтрофејниот клуб во Европа со 10 титули, а денеска во Белграт ќе го игра и рекордното 19-то финале.
Поубава победа за кревање на моралот од таа против вечниот ривал Барселона и не можеа да замислат, па избраниците на Пабло Ласо имаат добри шанси за 11-т шампионска круна.
Ефес ќе го игра третото финале по ред, а ја бранат и титулата и тие веќе си знаат што треба за да го победат Реал.
Секогаш кога против Кралскиот клуб постигнуваат 80, или повеќе поени, Турците успевале да победат против Реал, па веројатно ќе инсистираат да играат брза кошарка.
Имаат одлични индивидуалци предводени од Шејн Ларкин и Василие Мициќ, Реал делува покомпактно тимски, па се очекува одлично финале, а ние типуваме и дека ќе биде ефикасно со над 155.5 поени.
Предлог тип: >155.5 поени (1.91)
Аталанта – Емполи (Серија А, Италија, 20.45 часот)
Аталанта мора да го победи Емполи и да чека кикс на Фиорентина против Јувентус за да игра во еврокуповите следната сезона.
Можно е Ла Деа и со реми да ја прескокне Фиорентина, но само ако Виолетовите загубат дома од најтрофејниот италијански клуб, што не е сигурна варијанта за тимот од Бергамо.
Кај нив некако спласна еуфоријата од претходните неколку сезони, кога беа вистински хит и во Италија и во Европа.
Победа против Емполи и евентуален нов настап во Европа, може да значи нов пострек за Аталанта.
Гостите си обезбедија опстанок, а и тие знаат да одиграат ефикасно и можат да и дадат барем едне гол на Аталанта, но ќе загубат.
Предлог тип: 1&ГГ (2.17)
1702 Брест – Бордо (Лига 1, Франција, 21 часот)
Во чудната сезона во Лига 1 може да се случи да испаднат две екипи од Топ-10 најтрофејни во историјата на францускиот фудбал.
Бордо кој е шесткратен француски првак е веќе второлигаш, без шанси за опстанок, а може да му се приклучи и Сент Етјен, екипа која е ко-рекордер со Марсеј и ПСЖ, сите со по 10 титули.
Сезоната беше катастрофална за Жирондинците, кои се селат во Втората лига, а на почетокот кога беше ангажиран тогашниот селектор на Швајцарија, Велимир Петковиќ се најавуваше атак на врвот и на титулата.
Клубот за кој играле светски асови од калибарот на Зинедин Зидан, Алан Жирес, Жан Тигана, Бернард Лакомб, Маруис Трезор, Биксенте Лизаразу, Дитер Милер и уште цела плејада врвни фудбалери не успеа ниту да обезбеди опстанок.
Атмосферата е лоша, Петковиќ оддамна доби отказ, а Бордо ќе мора да се подготвува за настап во Втората лига.
Целата ситуација може да ја искористи Брест и со победа да се прости од домашните навивачи и да го обезбеди 11-то место на конечната табела во Лига 1.
Предлог тип: 1 (1.95)