Барселона бара УЕФА да отвори истрага против судијата, а тој „бега“ во Албанија

Фудбалерите на Барселона не можат да се помират со елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите од Интер. Каталонскиот гигант синоќа со 4:3 загуби од италијанскиот првак во меч кој траеше 120 минути.

Дел од играчите на Барселона вината за поразот ја бараат кај главниот судија Симон Марчињак, па побараа УЕФА да поведе истрага. Полскиот арбитер досуди пенал за Интер, по кој италијанскиот тим поведе со 2:0. Дури и тренерот на Барселона, Ханси Флик, потенцираше дека судијата секоја одлука која била 50-50 ја носел во корист на Интер.

Уште кога беше одредено дека Симон Марчињак ќе биде главен арбитер на „Џузепе Меаца“, стигнаа реакции дека тој е „судија на Реал Мадрид“, па се појави и фотографија на која Марчињак има чантичка со амблемот на Реал Мадрид.

Полскиот арбитер нема многу време да мисли на дуелот во Милано затоа што сега следува уште еден предизвик за него. Тој ќе замине во Албанија, каде што треба да биде главен на дербито за титулата во фудбалското првенство на мечот меѓу Влазнија и Егнатија. Во Албанија се игра плејоф, а Влазнија и Егнатија ќе играат во финалето на 12 мај. Победникот ќе биде шампион.

- Оглас -

Најнови вести