Повеќе од десетпати работел како селектор, сега седнува на клупата на учесник на СП 2026

На два месеца пред стартот на Светското првенство, фудбалската репрезентација на Гана доби нов селектор. Искусниот португалски стратег Карлос Кеирош ја доби довербата да ја предводи африканската репрезентација на планетарниот собир во САД, Канада и Мексико.

Португалецот доаѓа на местото на Ото Ада, кој беше отпуштен на 31 март, по двата порази на Гана од Германија и Австрија во контролни натпревари. Кеирос повеќе од 35 години е во тренерските води и зад себе има огромно искуство. Дватапати беше помошник на Сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед (во периодите од 2002-2003 и 2004 до 2008 година), а беше главен тренер во Реал Мадрид.

Сепак, Кеирош најдобро се снаоѓа во селекторската работа. Оваа функција како предводник како Гана ќе биде дури 11-тата селекторска задача за него. Првпат беше селектор на Португалија, а потоа работеше и како селектор во Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Јужноафриканскате Република, потоа повторно во Португалија, па во Иран, Колумбија, повторно во Иран, Катар, Оман и сега во Гана.

„Го прифаќам овој предизвик со истата страст и посветеност кои ме водеа во текот на целата кариера. Гана е нација во која има многу фудбалски таленти и има фудбалска душа. Доаѓам со голема почит кон нејзината историја и вербата за добра иднина“, рече Кеирош на промоцијата.

На СП 2026 година, Гана е во група со репрезентациите на Хрватска, Англија и Панама.

- Оглас -

Најнови вести