18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Барселона без Кутињо во следните три седмици

Креативецот на Барселона, Филипе Кутињо, ќе мора да паузира до три недели. По медицинските прегледи извршени по мечот со Интер во ЛШ, потврдено е дека Кутињо се здобил со повреда на листот од левата нога, по што му е препорачано да мирува одреден период.

Во меѓувреме, Лео Меси повторно е во полн погон откако ја надмина повредата на раката, но Каталонците останаа без еден од поважните играчи во тимот. Кутињо нема да биде во можност да настапи против Бетис во недела, а секако ќе отсуствува и од репрезентативните обврски, кои почнуваат по овој викенд.

Поголема штета за Барса е што Бразилецот нема да игра против Атлетико Мадрид на 24-ти ноември, додека се предвидува дека ќе се врати во составот за мечот против ПСВ Ајндховен, во рамките од петтото коло во групната фаза во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести