Барселона без Педри и Гави на реваншот на „Олд Трафорд“

Барселона пласман во четвртфиналето на Лигата на Европа против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе треба да брка без младите плејмејкери Педри и Гави, кои сезонава се незаменливи за тренерот Чави Ернандес во средниот ред на каталонскиот клуб.

Педри синоќа се здоби со повреда и иако уште не се знае сериозноста на повредата, најавите се дека тој нема да игра во следните три до четири недели. Гави доби жолт картон, кој значеше суспензија, па и тој нема да игра на реваншот во Манчестер.

Неизвесен е и Серхио Бускетс, па јасно е дека Чави ќе има работа околу составување на екипата во средниот ред, кој е клучен за нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести