Барселона до крајот на сезоната останува без еден од клучните играчи

Барселона освен што беше поразена од Ајнтрахт Франкфурт на „Камп Ноу“, а со тоа и елиминирана од Лигата на Европа, остана и без еден од своите клучни играчи. Младата ѕвезда Педри заработи повреда на бутниот мускул и според најавите, ќе биде надвор од теренот повеќе од еден месец.

Педри кој минатата сезона беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Европа, се повреди пред крајот на првото полувреме, а беше заменет во вториот дел со Френки де Јонг.

„Лекарските тестови покажаа дека Педри има истегнат бутен мускул“, стои во соопштението на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести