Барселона доби богата понуда од Саудиска Арабија за фудбалерот кој сака да го продаде по секоја цена

Барселона од екипа од Саудиска Арабија доби понуда тешка 80 милиони евра за играчот кој од јануари е ставен на трансфер листата, Рафиња, објави каталонскиот весник „Спорт“.

Засега не е познато кој тим ја испратил богатата понуда, но се шпекулира дека е еден од тимовите кои се под капата на саудискиот инвестициски фонд, Ал-Хилал, Ал-Наср, Ал-Итихад и Ал-Ахли.

Бразилецот во Барселона пристигна во летото во 2022 година од Лидс за 58 милиони евра, но не ги оправда очекуваата на навивачите и на тренерот Чави Ернандес.

Неговиот договор истекува во 2027 година, и според весникот, повеќе од сигурно е дека управата на Барселона налето ќе ја прифати понудата на саудиската екипа и ќе го продаде Рафиња.

- Оглас -

Најнови вести