Барселона дома загуби меч од Леганес на кој имаше 80 отсто посед и многу шанси

Леганес приреди сензација со победата од 1-0 на гостувањето кај топ фаворитот за титулата во Шпанија, Барселона. Гостите од Мадрид дадоа гол со глава уште во 4-та минута по еден корнер, а потоа Каталонците 86 минути се обидуваа да израмнат, но не успеаја.

Барса има само една победа во последните пет кола во Ла Лига, што е изненадување со оглед на тоа како играа до неодамна.

На овој резултат најмногу ќе му се израдуваат во Мадрид, бидејќи разиграниот Атлетико и променливиот Реал се рамо до рамо со Барселона во трката за титулата. За Барселона ова е домашен пораз по ред, на претходниот меч на Олимпискиот стадион во Барселона загубија и од Лас Палмас.

- Оглас -

Најнови вести