Барселона веќе подолг период има проблеми со финансискиот ферплеј и поради тоа нема шанси да доведува големи фудбалски имиња во своите редови. Сепак, каталонскиот гигант сака да е активен на пазарот, па успеа да го доведе младиот лев бек Патрисио Пасифико.
Се работи за 19-годишен фудбалер кој игра во Дефенсор, кој важи за еден од најдобрите клубови во Уругвај. Поради немањето финансиска моќ, Барселона успеа Пасифико да го доведе како позајмен играч, со опција да добие 80 отсто од неговиот договор, и тоа за три милиони евра.
Целата сума може да се зголеми на 3,8 милиони евра доколку се исполнат бонусите, а тоа е Пасифико да игра барем 30 минути на најмалку 10 меча во следните пет месеци. Засега Пасифико ќе биде регистриран како фудбалер во Б тимот на Барселона, каде што раководи Жулијано Белети.

