Барселона е клубот кој летово потроши најмногу пари за нови играчи

Каталонскиот гигант Барселона е клубот кој летово досега имa потрошено најмногу пари за доведување на нови играчи. Според податоците на Трансфермаркет, екипата од „Камп ноу“ веќе има потрошено 168,3 милиони долари за доведување на нови засилувања.

Роберт Левандовски и Рафиња се главните ѕвезди кои пристигнаа во Барселона, а солидни засилувања добија и во одбраната и средниот ред. И во минатото Барселона била една од водечките екипи кога се работи за трошење пари, но ова лето е чудно затоа што пред само неколку недели, беше најавено дека каталонскиот гигант е во најголеми долгови и дека нема пари.

Зад Барселона, според потрошените пари во овој преоден рок, следува Баерн Минхен со 151,3 милиони долари, потоа Арсенал со 145,3 милиони долари, Манчестер сити (119,6) и Лидс со 119,5 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести