17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Барселона е подготвена за новата сезона, положи со „петка“ (Видео)

Фудбалерите на Барселона го освоија „Трофејот Гампер“, откако го совладаа Комо со убедливи 5-0. На последниот подготвителен меч пред новата сезона, по двапати во листата со стрелците се запишаа Фермин Лопес и Ламин Јамал, додека еднаш погоди и Рафиња.

Маркус Рашфорд првпат беше стартер за „каталонците“ и запиша една асистенција. Барселона во сабота го игра првиот натпревар од новата сезона на Ла Лига, против Мајорка на гости, меч кој ќе означи старт на борбата за одбрана на титулата.

- Оглас -

Најнови вести