Барселона е силна и без Меси

Барселона го положи првиот испит по заминувањето на својот најдобар фудбалер и прв стрелец во клупската историја, Лионел Меси. Мотивираните Каталонци го надиграа и поразија Реал Сосиедад со 4-2.

На трибините имаше 20.000 гледачи, дел од нив носеа дресови на Лионел Меси и скандираа против претседателот Жоан Лапорта, а и исвиркаа некои од играчите кои не прифатија помали плати. Во 10-та минута, имаше и аплаузи во чест на Меси кој замина во ПСЖ.

Реал Сосиедад на „Камп Ноу“ гостувал 66 пати, а победил само трипати, и тоа во резултатски неважни мечеви во последни кола. Барса уште од далечната 1939 година не знае за пораз дома во прво коло.

Пике за првпат по септември 2019 даде лигашки меч и тоа беше негов 30-ти лигашки погодок во дресот на Барса, а вкупно 50-ти. Брајтвајт првпат даде два гола на еден меч од Ла Лига и сега има 10 погодоци како играч на Каталонците. Тој е прв Данец во 21-ви век кој постигнал два гола на иста средба од шпанското првенство. Пике и Брајтвајт погодија со шутеви глава и ова е прв меч после речиси три години на кој Барса дава два гола со глава.

Во финишот тимот од Сан Себастојан со два гола, од кои едниот прекрасен на Ојарзабал од слободен удар, по што намалија на 2-3, но Серџи Роберто стави точка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести