Барселона ги победи премиерлигашите во трката за потписот на голманот на Еспањол

Се чини дека Барселона ја победи премиерлигашката конкуренција и во моментов е во пол-позиција за потписот на голманот на градскиот ривал Еспањол, Жоан Гарсија. Интерес за 24-годишниот голман имаше и од Манчестер јунајтед, Арсенал и Њукасл, но единствената желба на Гарсија е да го облече дресот на Барселона.

Оваа информација ја пренесуваат сите шпански медиуми, но и најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрцио Романо, кој тврди дека голманот веќе ги договорил личните детали и се чека само официјална промоција.

Барселона ќе му плати на Еспањол 25 милиони евра за Жоан Гарсија.

- Оглас -

Најнови вести