Барселона ги претстави новите дресови, но тој од Јамал се уште не може да се купи (Фото)

Барселона и официјално ги претстави новите дресови за следната сезона, кои ја отсликуваат традицијата на клубот и се во карактеристичните бои – сината и црвената.

Сепак, „каталонците“ објавија и дополнително соопштение кои се однесува на дресот на Ламине Јамал.

„За да го обезбедиме најдоброто искуство, можете да го купите дресот на Ламин Јамал, но тој нема да биде испорачан додека не бидат официјално потврдени името и бројот. Ви благодариме за разбирањето.“ – се вели во соопштението.

Се очекува официјална промена на бројката на Јамал од 19 во 10, па дури потоа ќе може да биде купен дресот на најдобриот млад фудбалер во светот.

- Оглас -

Најнови вести