Шпанскиот шампион Барселона успеа да го регистрира навремено новиот голман Жоан Гарсија. Голманот, дојден од градскиот ривал Еспањол, ќе биде на располагање на тренерот Ханси Флик за денешното гостување кај Мајорка во првото коло од Ла Лига.
Очекувањата се дека и Маркус Рашфорд ќе биде на линија за мечот на „Сан Моиш“, откако Ла Лига го потврди неговото одобрение за регистрација.
Жоан Гарсија веќе е внесен во тимот на Барса на официјалниот сајт на Ла Лига, но засега сè уште нема доделен број на дресот. Сепак, и тоа ќе се случи до почетокот на вечерашниот меч.