Барселона го испрати Еспањол во втора лига (Видео)

Барселона го победи соседот Еспањол со 1-0 и го испрати во втора лига. Со овој пораз, Еспањол и дефинитивно ги загуби шансите за опстанок, па во следната сезона во Ла Лига ќе има само еден прволигаш од Барселона.

Луис Суарес беше стрелец на голот кој ја донесе Барса на еден бод негатива од лидерот Реал Мадрид, а мадриѓаните в петок вечер имаат шанса пак да му побегнат на конкурентот за четири бода.

Уругваецот Суарес, кој има девет гола во 12 соочувања против Еспањол, стана трет најдобар стрелец во историјата на Барселона со 195 голови во сите натпреварувања. Пред него се само Лионел Меси со 629 и Сезар Родригес со 232.

Еспањол 11 години нема победа во градските дербија со Барса, а од „Камп ноу“ последен пат си заминаа без да примат гол во април 2008 година. Еспањол петпати има испаднато во втора лига и секогаш експресно се враќал во елитата само по една година.

Младиот Ансу Фати по влегувањето во игра, брзо доби црвен картон и тоа е шесто исклучување за Барса сезонава. Шест црвени картони на Каталонците не им биле доделени уште од 2008/09.

https://twitter.com/i/status/1280974115327836167

- Оглас -

Најнови вести