Барселона го понижи Реал со 6:2 во Мадрид во меч од Лига на шампиони (Видео)

Женската селекција на Барселона со убедлива победа се враќа од гостувањето во Мадрид кај најголемиот ривал Реал, победувајќи со 6:2 во првиот меч од четвртфиналето од Лига на шампиони. Каталонскиот гигант беше голем фаворит и пред средбата, а тоа го потврди и на теренот на стадионот „Алфредо ди Стефано“.

Уште од самиот старт гостите започнаа силно и во 13 минута веќе водеа со 2:0. Реал Мадрид намали на 1:2, а Барселона до крајот на првото полувреме постигна и трет погодок за 3:1.

Во ист ритам продолжија двата тима и во второто полувреме. Барселона даде уште два гола, а Реал потоа намали на 2Ч5. Во 89 минута Барселона го постави конечниот резултат од 2:6. Головите од овој меч може да ги видите ТУКА.

Интересно е дека пред речиси 17 години на дуел меѓу машките екипи на Реал и Барселона во Мадрид беше истиот овој резултат. Тогаш Лионел Меси и Тјери Анри постигнаа по два гола, а по еден гол дадоа Пужол и Пике, додека за Реал стрелци беа Игуаин и Серхио Рамос за конечни 2:6.

- Оглас -

Најнови вести